Зајакнете го имунитетот пред зимата

0

Летото е веќе дамна зад нас. Сонцето, морето, годишниот одмор, направиле да се чувствувате, полетно, одморно…Како да ја сочувате таа скапоцена состојба на духот и телото и да ја сочувате што подолго и во зимата, да поминете без досадните настинки, грипот и тмурните расположенија?

Преминете на сончевата страна на животот, со мала помош на физички вежби и со многу смеење ќе ги одбиете сите болести од себе.

– Потрудете се на својот организам да му обезбедите барем трипати по 20 минути аеробик седмично, и не заборавајте дека многу е значајно истегнувањето и јакнењето на телото.

– Одржувајтего доброто расположение.

– Научете ги и користете ги релаксационите техники, најдете хоби, кое ќе Ве забавува, правете паузи во текот на работата. Стручњаците сметаат дека многу повеќе годат почести и покуси одмори, отколку еден долг одмор во текот на годината.

– Барем еднаш седмично легнете порано. Инфекциите најлесно се” заработуваат” кога организмот е преморен. Тоа често се случува кога сте под стрес и не можеме да спиеме, а добро е познато колку е потребен сонот. Затоа одмарајте кога и да Ви се пружи можност за тоа.

– Доколку Ви се појават симптоми на грип, немојте да терате инает, работејќи како ништо да не Ви е, за да докажете дека можете се.По болеста не брзајте да се вратите на работа, за да не предизвикате долготраен вирусен замор.

– Престанете да пушите. Пушачите се многу понаклонети кон воспаление на белите дробови и други инфекции на респираторниот тракт, а кај нив и настинката трае подолго. Страствените пушачи мораат да внесуваат барем 40 отсто повеќе Ц витамин во организмот.

– Доколку сепак настинете земете трипати на ден покрај оброците 500 мг Ц витамин, каротин и 20мг.цинк.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com