Женските чанти со мистериозни и таинствени закони

0

На прв поглед се чини обична, од кожа, од пластика, велур, ткаенина…Но, што нема тука! Поточно, што се не собира во неа! Кармин, чешел, шамивчиња,хемиски пенкала, билет за повеќе возења, парфем, адресар, паричник, парфем, шминка, бомбоми, клучеви…Ако кон сето ова ги додадеме цигарите и запалката, во пет од десет случаи, ќе имаме пред себе рамковна содржина на внатрешноста на чантата на современата жена.

Но, најзначајна работа е сето да се смести во чантата. Но, и од неа да се извади.

Во чантата обично ништо не се гледа и барањето се извршува на допир. Отварајќи ја чантата, жената обично не знае однапред што и кога во неа ќе се најде. Бидејќи женската чанта живее свои закони.

Прв закон на чантата е:„Она што го бараш го наоѓаш на дното“.

Ако Ви е потребен кармин, на врвот најнапред ќе го допрете хемиското пенкало,веднаш потоа парфемот, потоа билетот за градски сообраќај и така натаму на тоа слично, а бараниот кармин срамежливо ќе се појави на дното. Сепак, ако само секунда подоцна Ви притреба хемиско пенкало, кое до пред малку беше на врвот, на негово место секко ќе се појави карминот, малку подоле цигарите, потоа клучевите, а пенкалото се разбира ќе биде на дното.

Од ова се чини произлегува практично решение, на кое одвреме-навреме се потпира очајната жена, за да го најде она што и треба, едноставно содржината од чантата ја истури на маса. По логика на нештата, бараниот предмет ќе се појави на врвот. Но, женската чанта, не знае за логика.Нејзиниот прв закон е неумолив и необјаснет, како црните дупки во вселената.

Ништо помалку не обесхрабрува вториот закон на чантата- НЕПОТРЕБНО,НАМЕСТО ПОТРЕБНО.На пример ако Ви е потребен лак за нокти, сигурно при барањето, најпрво во рака ќе Ви дојде ацетонот.Или ако Ви е потребна запалка, ќе Ви дојде во раце помадата, а со неа не можете да запалите цигара.

Оттаму очајниот израз на жената, која стои пред вратата на станот, обидувајќи се да ги најде клучевите, или стои пред касата, сконцентрирано во барање на својот паричник.

Но, намистериозен е третиот закон на чантата:„Закон на снемување и појавување на предмети“.

На пример,, пред само една секунда, во чантата сте го виделе чешелот, него сега повеќе го нема и не можете да го најдете, ниту со пребарување на дното, ниту со превртување на содржината на масата.Чешелот исчезнал
Обратен пример – има речиси една година, како на ист начин снемало некоја значајна белешка. Веќе се извршени сите пријавувања, регистрирано е во надлежните служби, кога наеднаш- по една година од чантата излегува белешката веќе непотребна.

Да, таинствен и мистериозен, непредвидлив и необјаснет е феноменот на женската чанта. Според таинственоста и непредвидливоста, со неа може да се спореди уште само сопственичката – самата жена.
Но, тоа е веќе друга приказна…

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com