Жените и алкохолот

0

Британските медицински стручњаци дошле до нови сознанија за дејството на алкохолот на организмот на жената.

Забележано е дека секоја моментна хормонска состојба, поинаку влијае на метаболизмот – во време на овулација и во деновите пред менструација, организмот на жената побрзо го апсорбира алкохолот. Со хормонални промени се објаснува појавата, кога жената чувствува дека се опијанила по една чаша пијачка, додека во друга прилика може да испие повеќе, а да се чувствува присебно.

Поради телесниот состав, што е поинаков отколку кај мажите (вишок на масно ткиво, помалку мусули) организмот на жената, по испиените помали количини на алкохол, побрзо станува затруен.

Хормоналниот состав на жената придонесува кај неа да постои поголема опасност од цироза на црниот дроб, отколку кај мажите.

Единтвено е утешно, велат стручњаците, што во женскиот организам, алкохолот побрзо согорува, но и тука има исклучоци. Така жената која зема апчиња за контрацепција, побрзо се опијанува и побавно се трезни, поради тоа што апчињата го успоруваат согорувањето на алкохолот.
Затоа ако во некои прилики, не можете или не саката да избегнете чашка алкохол, лекарите препорачуваат пред излегување задолжително да се испие една чаша полномасно млеко, да се изеде прче сирење или неколку бисквити. Прехрамбените продукти во кои има маснотии го успоруваат процесот на минување на алкохолот од желудникот во тенкото црево, каде тој најбрзо се апсорбира во крвта.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com