Естетски ред при јадењето

0

Лесно е да се биде Римјанин! Народ кој влегол во историјата не само по освојување на филозофијата и правото, туку и по својата гастрономска уметност и гурманските склоности. Римските гозби влегле во историјата, а при сето тоа високите римски патриции, немале тешки проблеми како што е служење со нож и вилушка, а за останатите таинствени инструменти за масата на современиот човек и да не зборуваме. Прстите и сад со вода за повремено миење на рацете, за јадење на римските гурмани, единствено им биле потребни на богатите и свечени трпези.

Со векови ситуацијата не се менувала: Хенрих XIII на своите римски банкети, со иста таква сласт ги распарчувал со прсти парчињата од бутот на дива свиња, како што и француските кралеви, со уживање, своерачно ги распарчувале испечените еребици и фазани. Се до Барокот, до крајот на 16.век, вилушките биле непознат поим, а ножот секој гостин го носел со себе за да го исече месото, а потоа го јадел со прсти.

Денес историските личности на предбарокниот период, без презирни погледи не би поминале ниту во некој третокласен ресторан на цивилизирниот век.

Нема прирачник за добро однесување во кој не е раскажан случајот на добро воспитаниот лорд како највисок дострел на убаво однесување и придржување на прописите на убаво однесување при јадењето во животни ситуации.
Лордот патувал со брод и тукушто почнал да вечера, кога бродот почнал да тоне. Заедно со сите гости, со вилушка и нож во рацете се нашол во брановите на океанот. Борејќи се со силата на водата, неговиот пријател забележал како молскавично му сеприближува една ајкула.

– Ајкула, господине, прободете ја, викнал пријателот, мислејќи на ножот, кој се уште бил во раката на Лордот.
– Но, господине, риба со нож? – одговорил Лордот достоинствено и презирно. Никогаш!

Забраната на допирање риба со нож е само едно од строгите правила, што го загорчуваат животот и расположението при свечените ручеци или вечери.

Еве како треба да изгледа денешната маса, поставена со целокупниот прибор за јадење.

Масата задолжително треба да е покриена со чаршав. Според можностите и околностите, можете да се одлучите и за бел и за шарен чаршав, но во секој случај и од хигиенски причини, на масата секогаш треба да има чиста прекривка, наменета само за јадење. Чаршавот може да биде прекриен и со многу практична прекривка од најлон, особено ако на масата ручаат деца.

    – Платнените салвети не се луксуз. Можат да бидат бели и шарени, но во секој случај ја штитат облеката од флеки, а добро служат и за бришење на рацете и устата по јадењето.

    – Соларникот исто така е вообичаен предмет на масата, се разбира секогаш полн.

    – Бокал со вода или шише со минерална вода и чашите за секое лице се ставаат исто така на правилно поставената маса. Доколку се пие вода, се поставуваат чаши од два децилитра, а за вино, чаши од еден децилитар. Чашите на масата не се свртуваат наопаку, се поставваат така што во нив може веднаш да се налее пијалок.

    – Плетените корпи со исечен леб, се неминовен елемент на поставената маса, со тоа што лебот треба да се исече непосредно пред служењето, за да не се исуши. Лебот може да сепокрие со чиста крпа.

    – Шишенца со оцет и масло за салата, а според потребите и мал сад со сенф, исто така треба однапред да бидат поставени на масата.

    – Подлошките од дрво или плута за поставување на садовите или чиниите за јадење имаат постојано место на средината на масата.

Каков прибор за јадење треба да се постави на масата?

    – За секоја личност, по правило се поставуваат две чинии: плиток за главно јадење (месо, вариво, компир) и длабок за супа или чорба. Ако со ручекот се јаде салата, поставувате и мала чинија од левата страна за салата.

    – Лажицата, ножот и вилушката и евентуално лажичка за компот или мали вилушки за десерт е приборот за јадење што треба да се најде на масата за нормален ручек: супа, месо, вариво или компири, салата и слатки. Секако, ако некој вид од јадењето не е на листата на јадење, не се поставува ни чинија, ни прибор за јадење. Вилушката по правило се поставува од левата страна на чинијата, ножот од десната страна веднаш до чинијата, а лажицата исто така од десната надворешна страна до ножот. Приборот за слатки или компот се става над чинијата. Ако десертот или компотот не се сервира, може и лажицата за супа да стои над чинијата.

    – Малите чинии за слатки или компот не се поставуваат на масата, додека не се заврши со јадењето и додека не се крене масата. Дури кога ќе се соберат чиниите од претходните оброци, се поставуваат чиниите за слатки. Тоа би бил инвентар на масата за секојдневно ручање и тешко би било да се најде причина барем еднаш да не се настојува, заедничкиот семеен оброк, да се одвива на правилно и пристојно поставена маса и така покрај сите други причини, на децата им се всадува постојан естетски смисол и ред при јадењето.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com