Електрични возила во албанскиот полициски возен парк

0

Изненадувањето на неделата доаѓа од соседна Албанија. Министерот за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири, ја промовираше новата флота на албанската полиција која се состои од 12 возила модел e-Golf. Како што изјави Тахири, полнењето на батеријата чини околу 120 леки или едно евро, точно толку колку што чини едно кафе.

Автономијата на e-Golf е 110-150 километри со едно полнење во зависност од стилот на возење, што според зборовите на Тахири е сосема доволно бидејќи овие возила ќе оперираат во рамките на Тирана или некој други градови. Засега проблемот е недостаток на полначи на патиштата, па овие возила за повторно полнење ќе мора да се вратат во полициската станица каде се користат.

VW e-Golf користи и германската полиција, полицијата во Лос Анџелес во САД…

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com