Дупиш ли нешто бе друже?

0

Кај мене у маало едно од клучните прашања кога се среќаваат или разминуваат двојца на улица е „дупиш ли нешто“? Везе нема прашањето со дупење, то ест со онаквење, да не кажам со ебење. Тоа е една сленговска комбинација на десет прашања у едно. Зашто за да дупиш, треба да ти се дига, а за да ти се дига треба да си здрав, а за да си здрав треба сите овци да ти се на број, а за да ти се сите овци на број треба да имаш пари, а за да имаш пари треба да имаш работа, а за да имаш работа треба да си у здрава држава, а за да си у здрава држава треба да имаш здрав народ! И како да се однесуеш у таква ситуација у која има или нема здрав народ! Здрав народ никад не те прашуе на улица „кај си бе, дупиш ли нешто“. Нели! У здрава држава и здрав народ, никого не го заболе дали дупиш ли ти нешто или не!

Е ај сеа.. „дупиш ли нешто“!?

Ти имаш два избора, едниот е да климнеш со глава, божем онака шеретски, потврдуеш дека дупиш, а вториот е да кажеш „лани еднаш, годинава поретко“. Ова, вториот одговор вели дека си у говна до гуша. Откога ќе размениш прашања кој дупи кој не дупи, одма преоѓаш на политика. Сестри, мајки, шајки, лопови, педери, се додека не се испразниш онака од дна душа ама не затоа што те боли патљак за политика, него така си ги издуваваш фрустрациите.

АКО ТЕ ПРАША У ЧАИР НЕКОЈ „ДУПИШ ЛИ НЕШТО“ – тој те прашуе како си!

Има тука и една друга фраза која се проткајува и мораме без влакна на јазик да ја кажеме. Поминуеш покрај самопослуга и глеаш седнати на гајба типови со пивото пред нив и со ситно сецкан (у коцки) кашкавал за мезе. Ти онака најладно минуеш и прашуеш „како е дечки“, а едниот од нив у име на сите ти вика „Ее, јадеме говна нешто тука“! Што подразбира „јадеме говна тука нешто“? Тоа подразбира бош муабет у суштина кој и не е така бош, ама со оглед на тоа дека муабетот го прават типови кои немаат шанси ништо да мењаат, тогаш стварно немаш никаква причина да не им веруваш дека – само јадат говна и ништо друго.

ЈАДЕЊЕТО ГОВНА Е УМЕТНОСТ. ТРЕБА ДА ЗНАЕШ „ДА ЈАДЕШ ГОВНА“!

И така,.. аје да симулираме еден чаирски блиц муабет:
Кај си бе друже, да сибеш векот,…сто години те нема!
Ее,.. наоколу јадеме нешто говна у општина ама т’нка работава, се педераана.
Ти?… дупиш нешто?…
Лани за малку, годинава поретко,.. јбг! Не сум без ич!..
Добро е,.. ќути,.. кјути и бутај!
ЕХ,.. ОД КАЛ ДА СИ ОД ЧАИР ДА СИ!!!

Share.

About Author

Agim Jonuz

Остави коментар

Powered by themekiller.com