Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Дримтим со “Етно Балкан” ќе го освојуваат регионот

0

Момците од Дримтим вчеравечер и официјално во присуство на бројни колеги, пријатели, претставници на медиумите го претставија проектот “Етно балкан”, кој освен што ќе ги прикаже во поинакво светло пред домашната јавност е со тендеција и да го освои регионот.

Станува збор за проект кој е во фаза на реализација и кој јавноста во целост ќе го види во текот на следната година. Зад првата нумера стојат авторите С. Велков, М. Лубенов и С. Теодосиевски, а за истата во истовреме беше пуштен и спот снимен на неколку интересни локации низ целата земја.

Првата нумера од проектот „Етно балкан“ е всушност еден неверојатен микс од музички парчиња во 11/8 ритам од македонскиот фолклор, има латино-ориентален дел, потоа композиција во поживо темпо во фанк ритам, има и дел со ориентални фрагменти комбинирана со латино-шпански мелос, соло и импровизации, како и една брза разиграна двојка со звуци од тракискиот предел и композиција повторно сo елементи од македонскиот фолклор, брзи и маестрални фрази во 7/16 ритам.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com