Доматите против стареење

0

Можеби не знаете кој сок е најдобар за Вас и Вашето здравје. Следните совети ќе Ви помогнат да се определите со кој сок ќе се борите против одредени потешкотии кои ги имате.

Сок од морков

Етеричните масла во морковот делуваат на јакнење на крвотокот во ткивата на желудникот и цревата. Затоа, сокот од морков, помага при тврда столица и пролив, затоа што делува како регулатор. Жените особено го сакаат сокот од морков, како природен лек за виткост и убавина. Тој делува благотворно за време на заздравувањето по операција, настинки и болести проследени со треска. Сокот од морков е богат со каротин (провитамин А), па затоа ја засилува острината на видот, што е многу значајно за возачите на автомобили, кои патуваат ноќе.

Сок од капини

Овој сок го заштитува црниот дроб и жолчните патишта од разни пореметувања. Сто грама сок од капини има 5 грама железо.Особено многу железо бара организмот во првите две години од животот и за време на пубертетот,бременоста, доењето и климактериумот. Бледи, слабокрвни деца, би мотало секојдневно пред јадење да испијат по една чаша сок од капини.

Сок од домати

Се препорачува како лек против предвремено стареење и како лек кој спречува премореност. Имено, сокот од домати освежува, го чисти организмот и му ги одзема непријатните мириси.

Сок од целер

Се препорачува на сите оние кои боледуваат од ревматизам и артритис. Сокот од целер ја регулира количината на водата во телото и го враќа расположението, осовбено кај старите луѓе.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com