Десетте најдобри дизајнерски остварувања во 2016

0

Во денешно време, кога автомобилите изгледаат постојано исти заради барањата за безбедност, начинот да се истакнеш лежи во вниманието на деталите. Американската автомобилска библија C & D избра десет од најимпресивните дизајнерски елементи за годината што измина.

Отворите на климата на Audi TT

Како што се шегува C & D, времето кое од Audi го вложиле во создавањето на овие минијатурни парченца уметност, веројатно објаснува зошто не се сменило скоро ништо друго во „новото ТТ“.

Звучниците на Volvo S90

Скулптираните метални капаци на аудиосистемот Bower & Wilkins ви дозволуваат да ѕирнете во самите звучници со нивните конуси од позлатен кевлар.

Тркалата на BMW M3 / M4 Competition Package

Такви снегулки требаше да прави Господ, ако располагаше со автоматски струг.

Задното стакло на Jeep Renegade Sasquatch

Специјалната верзија на Renegade донесува на задното стакло симпатична силуета на Саскуоч, или Големото стапало – северноамериканска варијанта на Јети.

Прожекторите во вратите на Mercedes-Benz

Многу други брендови ја имаат оваа опција која го осветлува асфалтот до автомобилот во темница. Но, прожекторот на Mercedes е толку детален, па можете директно да ја видите позадината на амблемот.

C-обликуван всмукувач на воздух на Bugatti Chiron

Новото Bugatti навидум ја задржа силуета на Veyron, но овој детаљ го направи да изгледа неспоредливо поелегантно.

„Летечките“ реквизити на Ford GT

Идејата не е револуционерна, ги има ги на фасадата на париската Нотр-Дам. Само таму тие него водат воздухот кон интеркулерот на моторот.

Јубилејните фелни на Jeep Wrangler

По повод 75-годишнината на моделот – бронзени, со малку сјај и без претеран луксуз и раскош.

Кристалниот лост на Volvo XC90 T8

Направен од кристал Orrefors, овој прекинувач изгледа како нешто од излогот на некоја стара витрина. Не сме сигурни дали неговото место е во автомобилов, но во секој случај се чини спектакуларно.

Задните светла на Porsche Macan

Тоа не се светла, туку мали тродимензионални скулптури.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com