Девет милиони долари за регистарска табличка

0

Индискиот претприемач победи на тендерот за регистерска табличка во Дубаи, со понуда од 9 милиони долари. Така, Балвиндер Саха, го собори светскиот рекорд за најскапа регистарска табличка, поставен од Ариф Ахмад ал Заруни кој плати 5 милиони.

Организатор на аукцијата беше дубајскиот оддел за внатрешни работи. На тендерот, беа предложени вкупно 80 таблички, за кои надваа вкупно 300 учесници. Според локалниот закон собраните средства ќе бидат инвестирани во развој на патната инфраструктура.

indian-real-estate-mogul-spends-9-million-dubais-dubai-license-plate-for-rolls-royce
Бројот, купен од Саха, содржи бројки и букви- D5. Индиецот кој е сопственик на меѓународна компанија за управување со недвижности, купил и друга ваква табличка, на слична аукција минатата година каде тој платил 6.82 милиони долари за табличка со број „09“.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com