Далматинец

0

Кога далматинското куче еднаш ќе се види, не постои можност другпат да се замени со друга раса. Неговата оригиналност е токму она што го чини специфичен. Според последната поделба на FCI , далматинецот е класифициран во деветтата група, а тоа се кучиња за придружба и разонода. Далматинецот како што е попознат меѓу народот, во рамките на таа група и припаѓа на седмата секција, со напомена дека тоа е единствен член.

Во светот постојат многу теории за потеклото на оваа раса на кучиња. Од многуте историски факти има и такви, кои не насочуваат во погрешна насока. Таквите грешки најчесто настанале како резултат на недоволно познавање на одредени биолошки и општествени законитости. Една од првите грешки ја направил познатиот Аристотел. Делот од своето обемно истражување им го посветил и на кучињата. Во една од своите 12 книги тој опишува куче, кое го нарекува индиско и за кого вели дека настанало со вкрстување на тигар и куче. Според дадениот опис сосема е јасно дека Аристотел го опишува далматинското куче.

dalmatian-puppies_
Од пишаните документи секако најзначајни се записите на холандските патописци од 1252 година, кога за време на престојот во Далмација, запознале мили, средно големи, силни бели кучиња со црни точки.

Одгледувањето на кучињата во Далмација има голема традиција. Дека тоа е така, потврдуваат записите од 1070 и 1060 година, кога кај сите богаташи постоеле кучиња водичи.

Во секој случај се наметнува логично прашање, до кој дел од светот допираат корените за настанувањето на далматинецот? Во својот прв облик далматинецот се појавил во Египет, а оттаму преку Мала Азија, стигнал на Балканот, односно во Далмација, каде конечно се одомил и се одгледувал со векови. Од своето подрачје на одгледување се ширел на различни страни. Така од Медитеранот стигнал до Франција, а оттаму до Англија, а преку Италија во Шпанија.

Англичаните отсекогаш на кучињата им подаруваат значително внимание. Колку далматинецот бил ценет зборува и податокот дека Кристофер Хајден 1540 година, во својот благороднички грб го ставил далматинецот.

На една од своите слики Џовани Бенедето Костилионе (1616-1670), го прикажува ловечкиот помошник, покрај кој се две убави бели кучиња со црни точки.

Заштитникот на ловот св. Хуберт, често се среќава на уметничките платна. Еден од многубројните сликари, кој го сликал св. Хуберт е Хајнрих Вал. Тој во 1750 година насликал легенда за св. Хуберт, а на платното се две далматински кучиња.

Колку далматинецот бил омилен, зборува и податокот што Фридрих Велики се согласил во аголот на неговиот портрет да се најдесимпатичното далматинско куче.

Далматинецот бил инспирација и за познатиот Волт Дизни кој во 1961 година го снимил анимираниот филм” 101 Далматинец”.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com