Генијалци од инкубатор

0

Многу историчари и биографи, ги испитувале особините на генијалците, ги проценувале нивните вредности, барале причини за нивните вонредни творечки способности, но се уште никој не успеал да го пронајде ‘‘никулецот‘‘ на генијалноста.

Сте знаеле ли дека многу генијални луѓе се родени како недоносени деца?

Историчарите и биографите забележале дека Наполеон од 16 година станал потпоручник, а во 24 година генерал. Гете имал 27 години кога станал министер, а Волтер веќе во 12. Година објавувал песни, а во 30. година, станал прв поет на Франција. Ајнштајн во 26.година, ги објавил своите научни дела од областа на теоретската физика и го открил законот на ‘‘фото-електрично дејство‘‘. Тогаш станал и професор на физички науки, а за него многумина рекле дека тоа е најголем дострел, до каде што може да стаса човечкиот ум.

Или, да речеме исто така, недоносено дете е и Винстон Черчил. Тој имал 26 години кога станал член на британскиот парламент, а на 31. Годишна возраст станал најмлад министер на својата епоха. Француските театри прикажувале дела на Виктор Иго, кога тој имал 28 години, а веќе во 22.година бил познат француски поет.

Исак Њутн, со своите први физички испитувања, започнал во 16.година. Сите овие, па и многу други генијалци, родени се како недоносени деца.

Каде е никулецот на генијалноста?

И денес постојат вкоренети заблуди, за недоносените деца, не само кај лаиците, туку за жал и кај некои медицински лица.Имено, многумина сметаат, дека недоносените деца, во физички и психички поглед, се помалку вредни. Такви сфаќања и однесувања, направиле многу недоносени деца, да завршат во корпа за отпадоци, за жал.Можеби и славниот книжевник, филозоф и критичар, Јохан Волфганг Гете, би завршил така, доколку бабицата не верувала дека со повеќе труд, новороденчето ќе се одржи во живот!

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com