Гатање со карти

0

Едно пријатно поминување на времето со практични резултати: поглед на иднината со помош на еден шпил карти, односно 32 карти од шпилот како за играта покер. За да станете умешни гатачи, доволно е да ги следите следниве упатства и да го совладате читањето на различните комбинации, со нивните возможни значења. Целата тајна е тука.

ПРАВИЛА

1. Земете еден шпил карти (одвоите ги како за покер од седумка нагоре вклучувајќи ја и седумката).
2. Тој, кому му се гледа, сече со левата рака и ги извлекува првите шест карти, кои Вие ги ставате отворени пред Вас.
3. Според тоа дали се излезени повеќе карти во срце или во детелина, ќе добиете најопшта претстава, за оној кому му се гледа.
СРЦЕ- љубов, емоции, радост.
КАРО – неочекувани случувања, патувања, новости.
ДЕТЕЛИНА –работа, зделки, пари.
ПИК –проблеми, тежини.
4. Проучете ги картите, ако имате две, три или четири од една иста големина, толкувањето го почнувате од поголемите ,кон помалите. Видете го потота значењето на картите и оставете на интуицијата да реши што носи иднината.

Внимание: Ако шесте карти се различни, нема по две исти, влечете следни шест и се така, додека не добиете барем две исти.

Важно: Колку повеќе се повторува таа ситуација, толку повеќе се оддалечува во иднината остврувањето на помислената желба.

АСОВИ

    – 4 аса
    Голема среќа! Љубов, успех, здравје. Тоа што одамна го посакувате, ќе ви се случи.
    – 3 аса
    Два црвени: генерално подобрување на ситуацијата. Писмо, новост, проект, на кого му претстои добар крај.
    Два црни: пречки, потешкотии и сложености. Бидете претпазливи.
    – 2 аса
    Два разделени: општ проект, ќе се кооперирате.
    Два аса едно до друго, нестабилно расположение. Бидете претпазливи.
    Два црвени: брак, спогодба успех.
    Два црни:изневерување од страна на пријател. Бирајте ги Вашите пријтели!
    Еден црвен и еден црн: подгответе се, во воздухот лебдее промена.

ПОПОВИ

    – 4 попови
    Поткрепа од маж, привилегија, почести успеси, професионален напредок. Ќе имате одговорности кои заслужуваат да ги преземете.
    – 3 попови
    Два црвени, задоволителен развој на некој ризичен почеток. Значајна помош, добри совети, доверба, полезно пријателство.
    Два црни:Пречка од страна на маж (татко, партнер, шеф).
    – 2 попа
    Два разделени попа: Мал напредок, ново и полезно пријателство.
    Два попа еден до друг: добри совети, брзи проекти. Бидете мотивирани!
    Два црни попа:добивка во материјален смисол. Дејствувајте решително!
    Два црвени: промена, наравоучение.Привилегија од повозрасен човек.
    Еден црвен и еден црн:посакувано смирување и ново пријателство.

ДАМА

    – 4 дами
    Интензивни социјални контакти, прием, телефонски разговори, женско пријателство, заслужен успех.
    – 3 дами
    Две црвени:празник, собир, покана, слатки приказни, забавување.
    Две црни:ревност, замка, интрига, караница,злоба, проблеми во пријателството. Бидете будни!
    – 2 дами
    Две црвени:пријателски врски, добри идеи.
    Две црни:лажни врски , недоразбирања, двосмислени ситуации. Внимание!
    Една црвена и една црна:исход,покана, среќа, мала радост.

ЏАНДАР

    – 4 џандари
    Интензивен социјален живот, љубовна среќа, изненадувачки пресврт или љубов на прв поглед.
    – 3 џандари
    Два црвени: искрен маж кој посветува многу внимание. Изборот е ваш.
    Два црни: човек или лица кои се лицемерни, кои не заслужуваат доверба. Караница поради Вас.
    – 2 џандари
    Два разделени: пријателство и хармонија, некој мисли на Вас.
    Два џандара еден до друг: неспокојство караница, нема ништо да решите.
    Два црвени: пријатно пријателство, изненадување во љубовта, посебни погледи, нежност.
    Два црни:конкуренција, економски проблеми.
    Еден црвен и еден црн:претстои промена на стилот на живот. Препуштете се на времето.

ДЕСЕТКА

    – 4 десетки
    Успех, пријатна промена на ситуацијата, добра новост.
    – 3 десетки
    Две црвени:љубовна среќа, успех, решавање на некој проблем. Ќе бидете изненадени.
    Две црни:каприц на партнерот, љубовна интрига. Останете настрана..
    – 2 десетки
    Две црвени:промена, патување, преместување.
    Две црни:подобрување на финансиите или во службата.
    Една црвена и една црна:проперитет, злоба, сентиментална среќа. Нема ништо подобро за предвидување.

ДЕВЕТКА

    – 4 деветки
    Иницијатива на сентиментален план, професионален успех, пријатно патување, пријателство, изненадување.
    – 2 деветки
    Две црвени: богатство печалба, радост. Уживајте.
    Две црни:брза реализација на професионална или финансиска задача.
    Една црвена и една црна:сосема неочекувна средба со пријатели.
    Две деветки една до друга:бидете порасположени.
    Две разделени:претпазливост во секоја област.

ОСУМКА

    – 4 осумки
    Во комбинација со две црвени карти- успех во сите полиња од животот, каде што услов е решителноста. Во комбинација со две црни карти – грешка, предавство, измама, неспокојство. Во комбинација со една црвена и една црна – караница, недоразбирање.
    – 3 осумки
    Две црвени:љубов, страст, лојалност, семејна хармонија, објаснување во љубовта.
    Две црни:недоразбирање со партнерот, разочарување.
    – 2 осумки
    Две црвени:сентиментално приврзување, флерт, нова љубовна историја.
    Две црни:објаснување во љубовта, која не е возможна, непријатно недоразбирање.
    Една црвена и една црна: среќа, согласување, откривање тајни.

СЕДУМКА

    – 4 седумки
    Во комбинација со две црвени карти- семејна среќа.
    Во комбинација со две црни карти-предавство, интрига, љубомора. Бидете внимателни!
    Во комбинација со една црвена и една црна-претстои разочарување во домот.
    – 3 седумки
    Две црвени:радосни случки, нова работа, поткрепа од влијателен човек, задоволство, забава. Одличен предзнак!
    Две црни:проблеми со едно пријателство, расправии. Не зборувајте многу!
    – 2 седумки
    Две црвени: страсна врска, верност.
    Две црни:сентиментално разочарување, заблуда.
    Една црвена и една црна: добра навика,неочекувана промена. Бидете подготвени да им видите на нештата од друг агол.
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com