Во Скопје се одржа првиот OFF ROAD SHOW

0

Овој викенд во Скопје се одржа првото OFF ROAD SHOW. Настан кој беше во организација на Ендуро Теам Водно Скопје и МК Александар, а каде настапија голем број на ентузијасти со мотори, автомобили и 4х4 изведби.

Во близина на главниот град, односно на воениот полигон Стенковец, право за учество имаа MOTO, ATV/QUAD, UTV/SSV, како и 4×4 CARS. Возењето се состоеше од испит на спретност и издржливост и брзинско возење по патека во должина од 12 километри.

Богат настан, поддржан од голем број на компании кои долго време очекуваа ваков вид на дружење. Според информациите на организаторот, вкупниот број на пријави достигнал до 93 членови на најразлични клубови од Македонија.

Една од главните атракции беше и самото отворање на настанот. Прв на патеката настапи двократниот европскиот шампион на ридски патеки Игор Стефановски – Иџе, но овој пат со мотоцикл.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com