Во името е вистината

0

Зошто џинот, тоникот, Bloody Mary и другите омилени пијалоци се крстени токму така? Што се крие зад името? Се легенда, магија, алузија. Ако на некој пијалок му ставиме друго име, вкусот би му останал ист, но дали и тогаш би ни бил исто така привлечен? Веќе и на самото споменување на името чувствуваме одредено расположение. Но, му го знаете ли потеклото? Ако не еве интересни прказни што ке ви ја откријат таа тајна.

ЏИН И ТОНИК

По потекло се од британската армија во почетокот на 19 век . Се се случува на Далечниот Исток кога се соочувале со маларијата. Единствениот начин во борба против неа бил кининот, всушност еден горчлив лек. Додавањето на џинот го откриле војниците. Му помагал на лекот,полесно да се слизне во стомакот.

До почетокот на 20 век кининот е мешан со газирана вода, со тропско овошје и шеќер наречен tonic water или тоник. Да се додаде на џинот ЛЕК станува космополитски пијалок и така џинот со тоник станува еден од двата најпознати коктели во светот.

l1010605web
МАРТИНИ

Вториот е мартини. Според некои приказни, овој пијалок настанал во подоцнежните години на 19 век, кога Џери Томас, бармен од Сан Франциско, направил коктел од еднаква количина на џин и сладок вермут и му го понудил на изморениот патник кој одел за градот Мартинез, околу 40 километри од Сан Франциско. Според Мартинез пијалокот го добил името мартини.

До крајот на Втората светска војна, пропорциите на состојките на мартини се менуваат до 2 унци џин, со една унца сув вермут. Оттогаш џинот и тоникот се повеќе се борат за место во мартинито, до моментот кога вермутот станува сосема поразен и исфрлен од него. Љубителите на овој коктел, почнуваат да бараат лушпата од лимонот да се закачи на работ од чашата, а не да стави во неа.

20160321-filthy-martinis-vicky-wasik-sequence
ВОТКА

Една приказна вели дека работниците на платформата за подморско бушење на нафтата на Средниот Исток, биле снабдувани со поголема количина на конзервиран сок од портокал, со што ја гаселе жедта. Еден ден, еден работник, се досетил да го подобри вкусот на сокот, додавајќи му малку вотка. Предлогот бил веднаш прифатен. Бидејќи работеле на отворено, единствениот начин да го измешаат било со помош на најблиските алатки.

Но, можно е дека вотката своите најдобри моменти ги доживеела во прегратката на Bloody Mary. Нејзината прва инкарнација , како утрински стимуланс се случила во Франција, каде што била позната под името Bucket of Blood , по еден ноќен клуб. Red Snaper или Morning Glory. Дури подоцна е прекрстена во Bloody Mary , веројатно кога американскиот забавувач George Jessel го истурил пијалокот врз жената по име Mary.

Прецизната измислица, што го покривала фустанот на Мери, била инспирација на некој Фернандо Петриот. Во 1934 година, додека Петриот служел како бармен во King Cole Bar во Њујорк, сфатил дека на луѓето им е потребен посилен противотров за утрото потоа. Така зема оргинален рецепт – еднакви делови на вотка и сок од домати, му додава сол и рендано каранфилче. Ворчестер сос, сок од лимон и парчиња мраз и се послужуваат најмамурните. Оттогаш славата на Мери , ретко кој може да ја засени.

vfbq0i20160214164325
ВИСКИ

Зборувајќи за старата англиска терминологија Scotch whisky (без –е-) има исто така свој јазик на изразување. Single malt на пример, Scotch каков што некогаш бил, виски со посебен карактер мирис и вкус. Се вика SINGLE MALT ( од единствен слад), бидејќи се правинод зрната на слад (од фиданките на јачмен). Тој е единствен и по тоа што се прави во една фабрика, каде што се врши дестилирањето, па поради тоа е продукт на едно одредено подрачје. Scotch wisky, за кој се смета дека 90 отсто е шкотски изум, е мешавина на malt whisky и whisky направен од други житарици, како што се пченката и ржта.

Ирското виски е фин и пријатен пијалок, што може да се спореди со добриот стар коњак. Затоа е смешно, што многумина никогаш не го пробале неговиот навистина привлечен вкус. А настанал со љубезноста на еден Ирец. Една ноќ 1949 година, имало олуја, патниците од Запад, оставени на цедило на аеродромот Shannon, станувале се понетрпеливи. Joe Sheridan, надзорник на аеродромското кафуле, одлучил на изморените патници да им понуди пијалок- мешавина на еднкави делови на кафе и ирско виски. Им се допаднало и почнале да го носат со себе од Ирска, по целиот свет. Оттогаш ирското кафе, презема водство над ирското виски, што на Ирците им било чудно. Зошто се прашувале, кој би сакал да го расипе вкусот на тоа прекрасно виски.

american-whiskey-history
РУМ

И румот е исто така роден како утеха на изморените патници.Во овој случај не се работело за патници во авион, туку за страшните пирати и морнарите. Првпат е издвоен со дестилација пред речиси 3.000 години, румот се користел во целиот свет, од Далечниот Исток до Карибите, заедно со неговата основна состојка, шеќерната трска. Но името РУМ е старо само неколку векови, а постојат неколку теории за неговото потекло. Би можело да потекнува од зборот rumbullion (староанглиски – безредие) или од sacarrum (латински – шеќер). Или може да се донесе во врска со британските морнари, кои против скорбутот се бранеле со алкохол, што толку многу им се допаднал што го нарекле РУМ (сленг од 18.век страшно, извонредно).

54cb9c16c3892_-_esq-rum-intro-050511-xlg

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com