Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Војче Китановски ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЗА ХУМОР И САТИРА – 5 ДЕЛ

0

Првите 17 дена во студентски дом

На 1 октомври 1974 година ги започнав студиите на Шумарскиот факултет, сместен во студенската населба „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда.  Додека чекавме за распоред на бараките и собите, во редот чекаа и двајца повозрасни сту-денти, кои разговараа на високо интелектуално ниво.

Татко ми, кој дојде со мене, заинтересиран да знае каде ќе живеам, и јас покрај него, ги слушавме тие двајцата, а бидејќи не разбиравме многу од нивниот разговор, јас му реков: „да си одиме дома!“.

– Гледаш ли овие како разговараат? Јас не разбирам, а веројатно така треба да се разговара кога се студира!

По 15. минути, јас ја добив собата број 5 во бараката број 26. Неколку минути подоцна еден од тие двајцата повозрасни студенти кои разговара на високо интелектуално ниво, гласно запраша; „Дали има некој за 26/5?“

Јас молчев и пак го прашав татко ми:

– Јас  треба  со овие момци да бидам сместен во иста соба? А, да си одиме, воопшто да не се јавувам?!

Третиот пат кога го поставив истото прашање, јас се јавив потврдувајќи дека сум распореден во таа соба, а едниот се затрча кон мене, ме гушна и ми рече „Па ти си мој будући цимер!“ (Ти си мојот иден цимер).

Двајцата студирале по 10 години филозофија во Белград, а овде се префриле затоа што тогаш се отворило факултет по психологија, таа година, и сакале тоа да студираат.

Бидејќи предавањата почнуваа еден месец подоцна на нивниот факултет, тие само се сместија и си отпатуваа во својот роден град, Димитровград, Србија, и јас си размислив дека за еден месец нешто ќе научам и ќе можам да разговарам на тоа ниво.

Вториот мој цимер беше од Делчево и се смести попладнето, истиот ден. Вториот ден утрото во мојата соба влезе соседот од соседната соба го бараше мојот цимер од Делчево, кој првата вечер не отседна во собата, туку некаде на друго место. Затрчан влезе, викајќи на делчевски дијалект.

– Дека е ошел пауно? (Каде отиде Паунот)?

Јас му велам: „но парларе италијано“, мислејќи дека е странски студент, затоа што ни рекоа дека ќе има и странци во домот.

Тој насмеано реагираше на мојата досетка и после се разбравме кој од каде е и зошто е.                                                                                                                                                                        Третиот цимер, трета приказна.

На 17 октомври вечерта на телевизија имаше пренос на натпревар од Европските фудбалски клубови. Единствено таа вечер во цел мој студенски живот јас чував место, едно столче за мојот цимер, кој ме замоли да го почувам, зашто тој  малку ќе задоцни. Јас да му  чувам место во телевизискиот клуб, каде што 500-тина станари од домот гледаа спортска среда. Околу 15 минути од почетокот на натпреварот, во клубот влезе студен вo поодминати години, висок околу два мети, и тежок околу 100 кг.  Виде слободно место покрај мене, дојде, без да праша седна и речиси ме потисна и мене. По 10-тина минути јас собрав храброст и му реков: “Се извинувам, зафатено е!“

– Јесте , ја сам ово заузео пред 12 година! – ми одговори на црногорски. (Да, јас, ова го зафатив пред 12 години!).

 

Од тој момент до крајот на натпреварот воопшто не разговарав со никого, само дијагонално го набљудував студентот до мене и размислував што овој човек правел 12 години, и ако јас толку студирам ќе ме стигне 21 век? Кога заврши натпреварот, меѓу првите го напуштив клубот и стигнав во мојата соба да се подготвам за спиење.

По 10 минути на вратата се појави огромниот долговечен студент кој седеше на местото резервирано за мојот цимер.

– Јеси ти овде смештен? Ја ћу бити твој цимер. (Дали си ти овде сместен? Јас ќе бидам твојот цимер).

По вообичаените прашања: „Од каде си, што си?“,  тој ме праша повторно.

– Чиме се ти бавиш, иначе, у слободном времену? (Инаку, со што ти се занимаваш во слободно време?).

Јас дваесеттина минути пред него имитирав неколку спортски коментатори и му раскажав неколку нови, тогаш актуелни вицеви.

„Моменат!“ (момент), рече и излезе од собата. Се врати по половина час, со десеттина негови пријатели, вечни студенти од судентската населба.

– Причај оно исто што си мени причао! (Кажувај го она истото што и мене ми го кажуваше)

Јас морав тие 20 минути да ги повторам, на негова радост, и на радост на останатите, мислејќи дека моето претставување завршува тука.

Но, тие ме одведоа уште во десеттина соби, разбудија голем број од студентите и веќе следниот ден, на 18 октомври, јас бев познат во целата студентска населба.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com