Вечерниот сјај на накитот

0

Без оглед на тоа, дали накитот е вистински или не (тоа денес и тешко се разликува), носете го незабележливо и по можност не во претпладневните часови, на работа, во набавка и на пазар.

Претпладне задоволете се со незабележителни обетки, доколку ги носите, потоа скромна низа бисери и едноставен ремен на часовникот.

Во попладневните часови, можат да дојдат предвид посмели комбинации, поелегантни, кои повеќе ќе украсуваат,а навечер во одредени прилики, декорацијата на накитот може да биде сосема богата.

Еве, само некои правила за накит. Брилијант не се носи во текот на денот, прстенот се носи само на одреден прст, на другите прсти не се носи.Куси ѓердани не носат жени со краток врат.Жените со висок врат , носат ѓердани о покрупни камења. Покрај долгнавесто лице се носи долгнавеста обетка. Покрај црна коса и темен тен се носи шарен накит. Венчалниот прстен (бурмата) е едноставен накит, за кој нема ограничувања, а се носи ако сте во брак на десната рака.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com