Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Вака се готви во светот: Англичаните јадат здраво и обилно!

0

 

На карактерот на англиската кујна, многу придонеле климата и спортот. Англиската клима, иако е блага, без големи жештини и голем студ, полна е со дождови, свежина и ветрови, а во зимските утра има и магла. Англичанецот, покрај тоа, научил многу да се движи по свеж воздух и да се занимава со спортови, па затоа има добар апетит и не е потребно посебно да се разгалува со готварски деликатеси и зачини. Англичанката знае, дека она што нејзиниот сопруг на прво место го бара е здравата и обилна храна, служена, во одредено време. А од своја страна, знаејќи дека вкусната маса придонесува за добро расположение во бракот, таа се грижи трпезата да биде што подобро поставена. Што се однесува до децата, нив и онака најдобро е уште од детство да се навикнуваат на едноставна и здрава храна. И така научен уште од својата мајка, Англичанецот и кога ќе порасне се задоволува воглавно со проста и здрава храна и не бара деликатеси и зачини. Оттука е основната разлика помеѓу англиската и континенталната исхрана.

На англиската кујна влијае и специјалниот карактер на англискиот пазар, бидејќи мораме да имаме предвид дека Англија, не е земјоделска земја. На пример, јајцата се многу скапи. Поскромните домови, поради тоа ги избегнуваат скапите теста со многу јајца. Понатаму, разното овошје, на пример грозјето, праските, лубениците и дињите не успеваат во Англија, туку се увезуваат и се многу скапи. Од домашното овошје, малините и јаготките, траат само кусо време. Од овие причини, англиската домаќинка, во кујната најмногу користи јаболка или суво овошје.

Вистинскиот Англичанец, никогаш не пропушта да го испие својот чај. каде и да се наоѓа, тој во 17 часот, мора да го испие својот чај. Во таа прилика не се јаде многу, бидејќи, тоа е “главен” чај.

Странците обично и забележуваат на англиската кујна, дека зеленчукот не е така добро приготвен како месото, дека има голем број тешки јадења и дека нема зачини. А ако Англичанецот себеси би си префрлил што кујната не му е како кај другите народи, што е малку веројатно, тој сигурно уште во истиот момент, би се утешил со помислата дека никаде нема народ кој би бил рамен во приготвување на розбиф, плам-пудинг и печено тесто со овошје.

РОЗБИФ

Дали ова ширум светот познато англиско печено месо, ќе успее, зависи исклучиво од тоа од какво месо се приготвува. Најдобро за оваа цел е говедски ребра со коски, завиткани со конец и врзани или говедско филе. А најдобро е да се земе парче од 1-2 килограми. Препорачливо е месото да се набави неколку дена порано, за да стои на мраз. Свежото говедско месо не е добро, бидејќи е тврдо. Во Англија, најчесто се обесува месото на специјална кука, во рерната, а под него се става некој сад каде ќе тече маста. Кај нас најдобро е да се стави месото на решетка во плех, а маста да се слива во тој плех.

Месото прво добро се посолува и се мачка со маст, па првите 15 минути се пече во многу топла рерна, а потоа се продолжува со печењето на умерена температура. Траењето на печењето, зависи од тежината на месото. Обично се смета на секои ½ килограм месо, 20 минути. Англискиот розбиф, не се служи крвав и сиров, туку треба да се испече, така што ќе тече сок, кога се сече.

Се служи обично со сенф, рендан рен или сос од рен.

sunday_roast_-_roast_beef_1

СЕНДВИЧИ

Англиските сендвичи, се обично многу едноставни. Се прават од две многу тенки парчиња леб, бел или црн. За сендвичи се употребува бајат леб, најдобро е да е вчерашен, но не смее да биде исушен. Ваков леб, убаво се сече. Англичаните обично земаат готов исечен леб, а парчињата се во облик на квадрат. Корката од двете лепчиња се отстранува. Двете парчиња леб се премачкуваат со путер измешан со павлака, се става, сечена краставица, домат, банани, пилешко месо, ситно сечена шунка, јајца, сирење итн. Сендвичот се сече потоа, накосо на пола. Ако има  повеќе видови сендвичи, обично, секој вид се става одделно и се забодува една вкусно направена етикета, на која е назначен видот на сендвичите.

1392299969-img_1128

ПРИГОТВУВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЧАЈ

Водата за чајот мора да биде свежа, а не смее да биде веќе варена или отстојана. Треба да се употребува порцелански или земјен чајник, а никако не метален. Најдобриот чај се прави од мека вода.

Штом ќе зоврие водата, се става малку зовриена вода во чајник, за да се загрее, потоа се истура таа вода и се става чајот. Во чајник од 1 литар, ако чајот се пие со лимон, се става една кафена лажичка чај. Сега доаѓа најзначајниот момент: чајот се попарува со зовриена вода се поклопува и се остава 2 минути, потоа се промешува со лажичката и се остава една минута.

Англичаните пијат чај со млеко. Затоа варат појак чај, отприлика 3 лажици чај на чајник од 1 литар. Индискиот чај се пие преку ден, за појадок или попладне, а кинескиот чај, кој има многу посилна арома, се служи после вечера.

Чајот не треба да се прави многу порано пред употреба. Најмногу пет минути пред служење. Штом ќе стои подолго, се добива горчлив вкус и не е здрав. Ако е потребна поголема количина чај, подобро е да се подготват два помали чајника, отколку еден поголем. За чајот да остане топол, чајникот се покрива со посебно перниче направено за таа намена, така што сосема го покрива чајникот.

afternoon-tea-high-tea

ПУНЧ

Се зема ¼ литар бренди,1/4 литар рум,1/2 литар вода што врие, 50-70 грама шеќер во коцки, 1 поголем лимон, малку цимет, малку изрендано морско оревче и каранфилче.

Сето ова се става во еден сад, освен лимонот, се става на умерен оган, но пунчот не треба да зоврие, туку само добро да се загрее.

Сокот од лимонот се процедува во садот за пунч, се додава топлата течност и се служи веднаш.

29946_di_1425x950_pimms-punch069a0000000fh7piae

СТУДЕН ЛЕТЕН ПУДИНГ

Прво се намачкува садот со путер и се редат многу тенки парчиња бел леб или изматен пандишпан. Во меѓувреме, ½ килограм малини или рибизли се гмечат во цедалка, па ова пире се става во садот. Сето тоа се остава на студено место, за лебот да го впие целиот сок, па потоа се става во стаклен сад за печење. За тоа време ¼ килограм рибизли и ¼ килограм малини се варат со исто толку шеќер. Ова треба да се вари само толку, додека не се истопи шеќерот, па потоа тој компот треба да се испасира и да се прелие натопениот леб. Ова се служи зо изматен шлаг или студен крем.

b82fdbd2-4e79-498d-b8dc-87f9b803d1a7

ОВОШЕН КОЛАЧ

Потребно: ¼ кг. путер, 1/8 кг. суво грозје, ¼ кг. кристал шеќер, 3/8 кг. брашно, 4 јајца, 75 грама зашеќерена кора од портокал, 75 грама бадеми, ¼ кг. крупно суво грозје и 1 лажичка прашак за печиво.

Начин на приготвување:

Се матат путерот и шеќерот, се додаваат една по една жолчка и се меша најмалку 10 минути. Потоа, со постојано мешање се додава брашното и цврсто изматениот снег од белките. Се сецка зашеќерената кора и грозјето. Се додава малку брашно и прашок за печиво во овошјето, па сето ова се додава на горната смеса. Се става во плех намачкан претходно со путер и обложен со хартија и се пече 2 часа.

Рерната во почетокот треба да е многу топла, а потоа да е се постудена.

fruit-cake

КНЕДЛИ

Потребно: 25 грама сланина, 1 лажичка исецкан магдонос, 50 грама маст, ¼ лажиче иситнет лорберов лист и мајчина душичка, ¼ лажиче кора од лимон, 75 грама презла (трошки од леб), црн пипер, сол, 1 јајце.

Начин на приготвување:

Сланината ситно се сецка. Трошките од леб се мешаат со изренданата кора од лимон, се додаваат зачините.Сето ова се замесува со 1 јајце и се прават топчиња, големи колку џамлија. Се пржат на путер и се служат со печено месо.

semmelknodel

ЧОРБА ОД ЦЕЛЕР

Потребно: Добро зачинета супа од коски, 1 мала главица кромид, 1 главица целер, ¼ литар павлака или млеко, 2 јајца, 1 лажичка сок од лимон. Кога тоа Ќе биде готово, се процедува, се пасира, потоа се враќа назад во тенџерето, се додава супата од коски и се става на оган да зоврие. Потоа се додава варен рен и малку изрендано морско оревче и сол и се остава да врие 15 минути. Се служи топло.

vicky-thomas-tts-spring-2015-1

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com