Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

АРИТЕ НЕ ЈА ПОДНЕСУВААТ САМОТИЈАТА!

0

Амазонските папагали и арите се миленици на човекот,меѓу папагалите.Нивната татковина е Јужна и Северна Америка.Живеат пред се во прашумите и се прехрануваат со разновидни плодови и семки.Гнездата ги прават во големите дупки од дрвјата.Оттаму доморотците ги земаат мадите пред нивното полетување и ги припитомуваат.Поради тоа,папагалите кои ни доаѓаат од Америка се веќе питоми или полупитоми птици.Заради тоа, овие птици на своите сопственици најчесто не им прават проблеми и многу брзо се привикнуваат на новата средина.Во најголем број случаи,љубовта посебно ја подаруваат на еден човек од семејството,често пати се тврди дека мажјаците,својата наклоност ја даваат на лице од понежниот пол –жена,а женката, симпатијата ја подарува на мажите.Меѓутоа, тоа најчесто не е точно.Најверојатно,ги привлекува лицето, чија боја на гласот е на лицето кое ги одгледало и припитомило.

Храната на големите папагали треба да биде разновидна.,според тоа, не е доволно да се хранат само со семки од сончоглед и кикиритки,туку потребно е да им се даде прортено семе од сончоглед,пченица, овес и пченка.Особено младата пченка е омилено јадење на овие папагали.Освен тоа, треба да се хранат со сите видови зрели слатки плодови.

Познато е, дека арите се големи шарени птици,долги 80-90 см. Поради што за многумина се преголеми за чување во становите.Но, има и помали,односно џуџести папагали,чија вкупна должина изнесува до 48 см.

Ако сите овие птици се набават додека се млади,лесно се припитомуваат,а може да научат и неколку зборови.Амазонските папагали претежно се со зелени пердуви.Само со разно обоени предели на главата и движењето на крилјата може да се разликуваат видовите и расите.

Синочелниот амазонски папагал, го добил името од сината боја на главата,долг е 32 см. И поседува многу добри особини-мирен е доверлив,со не премногу силен глас,а со исклучителен дар за говор.

Доколку се одлучите во својот стан да ја внесете арата или амазонскиот папагал,треба да размислите дали ќе сакате и дали ќе можете да им посветите доволно време на овие интелегентни птици.Истите не смеат да бидат запоставени,бидејќи им е неопходно друштво.Во спротивно ќе угинат.Инаку, овие птици живеат многу долго и се приврани кон сопственикот.Поради тоа, треба да се третираат како членови на семејството и да се воспостави контакт на соодветен начин.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com