Аперитивите го поттикнуваат апетитот

0

Умерено конзумирање на аперитиви од природни материи, не му нанесуваат на организмот никакви штети, дури и му ја поттикнуваат желбата за јадење, му го олеснуваат варењето на храната и даваат одредена количина (иако скромна) калории.

Аперитивите го поттикнуваат слабиот апетит. Супстанциите, (или поголемиот дел од нив) кои влегуваат во составот на аперитивите, стимулативно делуваат на излачување на соковите од органите за варење.

Како делуваат состојките на горчливиот вкус, кој го содржат аперитивите? Испитувањата покажале дека додека се наоѓа во желудникот, излачувањето на соковите во органите за варење не само што не се зголемуваат, туку се намалуваат. Меѓутоа, ако се пие на гладно, половина час подоцна доаѓа до обилно лачење на секретот на желудникот. Тие не делуваат само на желудникот, туку претежно на слузокожата на усната шуплина, го зголемуваат лачењето на плунката, а со тоа и ензимското делување. Поради тоа, ефектот на тие горчливи состојки во аперитивите, е дотолку делотворен, доколку подолго се задржи во устата. Овие испитувања, ја оправдуваат навиката, аперитивите да се пијат половина час пред оброкот.

aperitif_for_four
Кога се разгледува комплексноста на проблемот, во рамките на пијалокот, што треба да го поттикне апетитот, би требало да се осознаат составните делови на аперитивот, за со систематско проучување, да може да се објаснат нивните диететски, енергетски, еупептички и стимулирачки својства.

Умерено конзумирање на аперитиви од природни материи, не му нанесуваат на организмот никакви штети, дури и му ја поттикнуваат желбата за јадење, му го олеснуваат варењето на храната и даваат одредена количина (иако скромна) калории.
При пиење на алкохолни пијалоци, треба да се придржувате на следниве правила:

    Никогаш не конзумирајте алкохол кога сте гладни.
    Пијте го полека.
    Почесто пијте разредени алкохолни пијалоци (на пример вината), отколку концентрирани
    Никогаш не ја надминувајте одредената количина за 24 часа – имено 60мл алкохол.

Аперитивите, кои во голем процент содржат некои пијалоци (коњак, виски, рум) поволно делуваат на оние кои се заболени од ангина пекторис. Освен тоа, докажано е дека алкохолот ги шири крвните садови и дека во таа смисла, делува на коронарните артерии и артериите на долните екстремитети и кај здравите и кај болните луѓе. Кај оние кои конзумираат алкохол, поретко се наоѓаат артериосклеротични појави, отколку кај оние кои воопшто не пијат. Особено вискито се покажал како лековит кај инфарктните состојби, бидејќи ги проширува крвните жили во организмот.

spritz
НАПРАВЕТЕ ИЛИ ИМПРОВИЗИРАЈТЕ ДОМАШЕН БАР

Домашниот бар може да биде на некој импровизирана полица во кујната, или пак бар на подвижна масичка. Ако имате место во станот, направете вистински бар, со шанк, фрижидер, полици за чаши, шишиња. Можете да го сместите во еден агол од собата за дневен престој, а уште подобро е, ако се наоѓа во посебен простор, што е поврзан со просторијата, во која Ќе ги пречекате гостите. За да создадете атмосфера, набавете високи столици, а ѕидовите украсете ги со слики или постери.
Неколку неопходни предмети во барот:

    Шејкер за приготвување коктели, во кој ја ставаме сирупестата течност, овошните сокови, јајцата, млекото.
    Тамблер, еден вид на висока чаша, со лажица, на долгата дршка за мешање.
    Дробилка за мраз.
    Голем сад со лажица
    Меричка, пластични цевчиња, долга лажица за мешање.

ИЗБОР НА ПИЈАЛОК ВО ДОМАШНИОТ БАР

Како за почеток, доволни се неколку вида алкохолни пијалоци. Сепак, за да задоволите сечиј вкус, предвидете:

    Аперитиви во вистинска смисла на зборот: Вермут, Анис, Амаро 18, Американо, Џин.
    Алкохолни пијалоци: Коњак, Армањак,ракија, виски, вотка, рум (бел и темен).
    Билни ликери: Мараскино, Кимл или овошни ликери: портокал, цреша, крушковац итн.
    Газирани пијалоци: тоник, кока кола.
    При рака нека Ви се најдат: јајца, млеко, морско оревче, кора од лимон, црн пипер, шеќер во прав…
    Овошни сокови: сок од портокал, сок од лимон, сок од грејпфрут, ананас и домати.
    Пиво: светло или црно пиво.
    Вино: бело, црвено, розе и црно.
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com