Анегдоти на познатите

0

ИНСТРУМЕНТОТ СВИРИ САМ!

johann_sebastian_bachМожеби не е познато дека големиот композитор Јохан Себастијан Бах, бил многу скромен човек. Имал многу ученици и на сите им служел за пример. Неговата умешност во свирењето била надалеку позната и речиси секогаш, за публиката била голем настан. Еднаш еден од неговите верни обожувачи го прашал големиот композитор, како екогаш му поаќа од рака така убаво да свири. Тој едноставно му одговорил: „Не е тоа ништо необично. Само е потребно во вистинско време да се притисне вистинскиот клавиш и инструментот свири сам“!

ИТРИОТ МАЕСТРО

picАнтонио Вивалди, денес славен како композитор, за време на животот ја воодушевувал публиката со свирењето виолина Благодарејќи на таа умешност и шармот, бил често повикуван во куќите на венецијанските господа, па и во куќата на кардиналот. Токму во неговата палата, додека Вивалди свирел за време на една свеченост, кардиналот гласно зборувал со својот гостин. Вивалди истиот момент престанал да свири. Забележувајќи го тоа кардиналот, го запрашал зошто прекинал да свири а итриот маестро одговорил:

„Извинете, се исплашив да не пречам случајно во некоја значајна работа“

БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ

ludwig-van-beethoven-composing-his-missa-solemnis-joseph-carl-stielerЛудвиг Ван Бетовен бил изразит критичар на своето време. Особено бил алергичен на малограѓани, кои не биле малку во неговата средина. Најчесто се споменува анегдотата врзана за 1812 година, кога со поетот Гете, отишол на прошетка во еден парк. Од руга страна доаѓале царот и царицата со својата гарда и Гете веднаш се тргнал на страна.Бетовен, напротив, ја наместил шапката и поминал низ гардата. Царицата малку се изненадила, а царот се насмеал. Престолонаследникот се тргнал настрана и го поздравил големиот композитор.

Бетовен, веруваме не го сметал царското семејство за малограѓанско, но својот брат, да. Кога на некој сомнителен начин, неговиот брат се збогатил, му ја испратил на Лудвиг својата визит карта на која пишувало: „Јохан Ван Бетовен сопственик на имот“. Лудвиг што можел побрзо му ја испратил својата визит карта на која пишувало: „Лудвиг Ван Бетовен сопственик на мозок“.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com