Автомобилите на светските лидери (I дел)

0

Во САД избраа нов претседател, кој се очекува при инаугурацијата на 20 јануари 2017, да влезе во нов владин автомобил. Претседателот на Русија Владимир Путин, исто така даде задача за да се изготви нов автомобил за репрезентативни цели…

Ќе се обидеме да ве пренесеме во еден сосема реален, но сепак недопирлив свет, во лимузините на еден куп активни и поранешни премиер-министри и кралското семејство.

Ќе почнеме со „ѕверот“ на Барак Обама. Служебното возило на 44-тиот претседател на САД е познат на пошироката јавност со имињата Cadillac One и The Beast. Лимузината е долга 5,5 метри и тежи околу девет тони. Cadillac One е изграден врз основа на GMC TopKick или Chevrolet Kodiak, располага со 4х4 систем, автоматски менувач и дизел мотор со зафатнина од 6.5 литри. Моќноста му е 300 „коњи“, а забрзувањето од 0 до 100 е за 15 секунди. Потрошувачката на гориво е околу 60 литри на 100 поминати километри, но толку долго растојание возилото никогаш не поминува. Зошто е толку тежок и зошто троши толку многу? Овој автомобил е сметан за најдобро заштитениот автомобил, а како обвивка има 20 сантиметри повеќеслоен оклоп. Стаклата се со дебелина од 12 cm, гумите се засилени со кевлар, а резервоарот е едноставно непробоен.


Додека биде подготвена новата лимузина на Путин, рускиот претседател е принуден да се вози во германски автомобил. Тоа е блиндирана лимузина Mercedes-Benz S600 Pullman Guard W221, која исто така има многу елементи од врвна заштита. Во некои од патувањата Путин избира постара верзија, која исто така е продолжена и блиндирана, но е направена врз основа на W220. Инаку Pullman Guard W221 е долг 6.35 метри, што е речиси со метар повеќе од лимузината на Обама. Таа сепак е помалку заштитена и полесна. Под капакот е монтиран 12-цилиндерски бензински мотор, кој е со моќност од 517 коњски сили. Менувачот е автоматски, а преносот е на задните тркала. Гумите се посебни, а во внатрешноста на тркалата има метални спојки кои му овозможуваат на автомобилот да се движи со брзина од 100 km/h, дури и кога гумите се пукнати. По потреба ентериерот се затвора херметички,а за воздух внатре се предвидени неколку шишиња со кислород.


По шефовите на САД и Русија доаѓаме и до претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпин. Тој исто така се вози со блиндирана лимузина, но таа е од домашно производство. Името и е FAW Hong Qi HQE и е произведена во 2009 година, во чест на 60-годишниот јубилеј на републиката. FAW е првата кинеска марка, која потекнува од рускиот ЗиЛ. Името на лимузината пак се преведува како „Црвено знаме“, а техничките особини се тајност. Познато е само дека должината е 6.4 метри, висината – 1.7 метри, а тежината – 4.6 тони. Се вели дека FAW Hong Qi HQE е направена врз основа на Toyota Land Cruiser. За движењето одговара V12 мотор со индекс CA12GV кој е со моќност 408 коњски сили и со зафатнина од 6,0 литри. Интересно е дека ваквата лимузина може да си купи секој богат Кинез. Таа се продава, а цената и е пет милиони. јуани, што е приближно 803.000 долари.


Со автомобили од локално производство се превезува и кралицата Елизабета II. Иако со поодминати години кралицата често седнува сама зад управувачот на некој Jaguar или Land Rover. Традиционално сепак Елизабета II се вози од професионални возачи во едно од двете Bentley State Limousine специјално произведен за 50-годишниот јубилеј од крунисувањето. Тие се произведени во Кру во 2002 година и од тогаш до денес, кралицата ги користи главно овие два автомобила за службени цели. Бојата е специфична и се украсени со грбот на Виндзор. Каросерија се блиндирана, а вратите се отвараат под многу широк агол за погодност на кралското семејство. Моторот е опремен со турбополнач, V облик со осум цилиндри и со работна зафатнина 6.75 литри. Во кралската гаража има уште Rolls-Royce Phantom VI, Bentley Arnage Red Label и други.


Класичните англиски машини не се најпосакувана само од Елизабета II. Интерес за нив има и кај кралот на Шпанија Филип VI. Во неговата гаража има околу 70 возила, меѓу кои се издвојува еден Rolls-Royce, кој останал од диктаторот Франко. Интересно е дека пред десет години рускиот претседател одбил да се прошета во овој автомобил. Причината е дека предметниот Rolls е подарен на Франко лично од Хитлер. Сега, кралот на Шпанија Филип VI, кој е 48 години, претпочита Rolls-Royce Phantom IV, произведен во 1952 година.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com